(ВИДЕО)По 35 години актерот ја откри тајната: Ова е вистинскиот Среќко Шоиќ

Во гостувањето во емисијата Ами Џи шоу, актерот Милан Гутовиќ објаснил кој бил Тома Ѕидар кој му послужил како инспирација за ликот на легендарниот директор Среќко Шоиќ.

Интересниот директор се прослави уште во 1982 година во првиот дел од серијата „Тесна кожа“, а со текот на годините неговите реплики останаа запаметени.

– Тома Ѕидар беше мајстор за рамни покриви. Toј зборуваше така меко и беше од Пирот. Еднаш дојде кај мене дома и разговаравме за еден ѕид кој требаше да се поправи, а тој веднаш на него почна да црта линии со својот молив за да ми покаже што и каде треба да се корегира. Ја му реков – Застани, не пишувај по ѕидот, а тој ми одговори дека и вака и онака мора да се кречи… Мене ми беше драга личност и како мал не се одвојував од него. Потоа случајно се сетив на тој негов специфичен говор и прв пат го искористив во драмата „Бараби“, а потоа тој лик се појавуваше неколку пати низ претставите во кои глумев, за на крајот да заврши како Шоиќ, раскажал Гутовиќ.

Коментари

Популарно