Полицијата ја пронајде малата Наде

Двегодишната Наде од кичевското село Кленоец, која од синоќа беше пријавена за исчезната е пронајдена, потврдува портаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Како што истакна Димоски за Курир, малото девојче било пронајдено во дол од страна на полициски службеници. Девојчето живо и здраво е веднаш пренесено на медицински прегледи.

-Девојчето е пронајдено меѓу селата Кленоец и Извор. Теренот беше многу лош и тешко пристапен, но со добра организација за среќа девојчето е пронајдено живо, додава Димоски.

Потрагата по малата Наде траеше од вчера вечерта откако родителите околу 21 часот ја пријавиле за исчезната.

Во нејзиното пронаоѓање вклучени беа голем број на полициски службеници, полициски кучиња, како и месното население. СВР Охрид во потргата вклучи и дрон со цел полесно лоцирање на девојчето и набљудување на теренот.

Коментари

Популарно