Барак Обама кандидат за претседател на Франција?!!!!!

Во Франција во тек е голема кампања чија цел е поранешниот претседател на САД, Барак Обама, да се кандидира на претседателските избори, пишува „Раша Тудеј“.

Како што наведуваат постои само еден проблем – Обама не е државјанин на Франција.

Целта на акцијата е да се соберат милион потписи за кампањата на Обама до 15 март, а плакатите “Обама17“ излепени се ширум Париз.

На интернет постои и сајт посветен на тоа на кој се наведува:

„Барак Обама ја има најдобрата биографија на светот за оваа работа. За да ја започнеме шестата република сакаме да зададеме силен удар со изборот на странски претседател за предводник на нашата убава земја“.

Тие истакнуваат дека целта на акцијата е и борбата против екстремните десничарски партии во земјата.

„Во време кога Франција масовно гласа за екстремната десница и понатаму можеме на планетата да и дадеме лекција по демократија доколку избереме странец за француски претседател“ – се наведува во кампањата.

Првата рунда на претседателски избори во Франција ќе биде одржана на 23 април.

Коментари

Популарно