Денеска облачно, од утре сончево, но само до среда

Денеска е недела, 26 февруари 2017 година, 57-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 308 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 16 минути, а ќе зајде во 17 часот и 18 минути.

Денов трае 11 часа и 2 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 6 часот и 6 минути, а ќе зајде во 17 часот и 18 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно. Во западните делови ќе има кратки сончеви периоди, а во јужните и во источните делови на земјава ќе има услови за слабо проврнување на дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од осум до 15 степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

До вторник ќе преовладува стабилно време без врнежи и со пораст на дневната температура. В среда повторно се очекува од север да се спушти релативно брз и студен бран од север кој ќе предизвика температурата на воздухот да опадне за неколку степени. Ќе има повремени врнежи од дожд со послаб интензитет, а на повисоките планини ќе има локален снег. Потоа повторно се очекува стабилизирање и затоплување на времето.

Коментари

Популарно