Дали пошироката вагина значи лош секс?

Исто како што многу од мажите се загрижени за големината на алатот и големината на вагината ги загрижува жените. Ако пенисот е малку поголем, веднаш се упатуваат комплименти, додека со поголемите вагини се случува спротивното - тоа е понижувачки.

Што влијае на големината на вагината и дали таа се менува во текот на животот?

Кога мажите ги развиваат сите секундарни сексуални обележја, поточно кога се во период на пубертет, нивниот пенис останува, повеќе или помалку, со иста големина цел живот. Вагината по пубертетот не ја задржува истата големина, туку на неа влијаат неколку фактори. Секоја жена пред првиот сексуален однос има мала вагина. Затоа многу е важно девојката кому "ќе ја подари невиноста", зашто тогаш му подарува нешто совршено. Женскиот полов орган се менува уште за време на првиот секс. Кај некои таа промена е проследена со болки, кај други со благи крвавења, но ги има и оние кои таква промена воопшто не забележуваат.

На големината на вагината влијаат многу работи, не само првиот секс. Влијаат годините, породувањата, одредени гинеколошки проблеми, пенетрацијата на непримерни или преголеми предмети. Сето тоа може да доведе до опуштање на вагиналните мускули и ширење на внатрешните ѕидови на женскиот полов орган. Меѓутоа, без оглед на тоа што тесната вагина овозможува подобар прием на машкиот полов орган во што еднакво уживаат и мажот и жената, широката вагина не мора да значи лош секс.

Коментари

Популарно