Убав сончев ден

Денеска е понеделник, 27 февруари 2017 година, 58-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 307 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 14 минути, а ќе зајде во 17 часот и 19 минути.

Денов трае 11 часа и 5 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 6 часот и 41 минута, а ќе зајде во 18 часот и 26 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од седум до 16 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност, утринската температура ќе биде нула, а дневната ќе се искачи на 16 степени.

Во следните два дена ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната температура на воздухот. Во среда се очекува брз продор на влажна и постудена воздушна маса од север, кој ќе предизвика локални врнежи од дожд, а на повисоките планини снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен, а попладне од северозападен правец. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

До крајот на неделата се очекува стабилно и потопло врене.

Коментари

Популарно