Ако пребарувате порно сајтови и видеа, а не сте одјавени од Фејсбук ве очекуваат непријатности

Еве зошто не би требало да бидете пријавени на вашиот Фејсбук налог додека во исто време посетувате сајтови кои нудат порно содржини.

Неодамна пишувавме за тоа дека Фејсбук ги следи своите корисници и нивните оналјн активности за да дознае што ги интересира и за да во следниот период токму тоа им го прикажува во вид на реклами. Претпоставувате, следи и какви порно филмови гледате.

Приватноста и историјата на пребарувањето на вашиот прегледувач не претставуваат никаков проблем за компанијата Фејсбук, особено кога е во прашање голема сума на пари. Фејсбук сака да „скрои“ реклами по вкусот на корисникот. За да тоа биде изводливо, оваа социјална мрежа ги следи онлајн активностите на корисниците. Фејсбук ги користи Like, Share и Login тестерите, како и Фејсбук виџетите за да дојде до овие информации.

На пример, ако подолго време пребарувате информации поврзани со картите за концертот на Колдплеј, Фејсбук ќе ги собере овие информации за да во најкраток можен рок може да ви понуди реклами и други информации во врска со спомнатиот бенд.

Ова веројатно не ги загрижува поголем број од корисниците. Меѓутоа, Like, Share, Login и Фејсбук виџетите исто така може да ги следат активностите на корисниците кои би требале да останат приватни. Ако сајтот кој нуди порно содржини реши да додаде Фејсбук Лајк виџети, Фејсбук ќе знае што гледате и може да очекувате дека во следниот период ќе ве „затрупа“ со реклами кои и не се баш примерни ниту посакувани.

Претставникот на компанијата Фејсбук изјавил :„Собираме информации кога корисниците ги посетуваат сајтовите на третите страни, како и информации од апликациите кои го користат нашиот сервиси“. Фејсбук Like и Share тастерите ги претстави во 2009 година. Програмерите можеле да ги користат на своите сајтови година дена потоа. Две години по претставување, Фејсбук објави дека 25 отсто од сите сајтови на интернетот ги користат Фејсбук тастерите на своите страни, пишува Neon Nettle.

Коментари

Популарно