ВИДЕО: Родена е без раце - Публиката заплака кога таа запеа и засвири на клавир

Девојче кое е родено без раце и со деформитети на нозете, чија мајка ја напуштила веднаш по раѓањето никого не остави рамнодушен кога се појави во талет шоуто.

Родителите ја напуштиле веднаш по раѓањето, а ја посвоила Виорика Парван која исто така се појави да и даде поддршка на сцената на „Романците имаат талент“ на малечката Лорелаи.

Членовите на жирито од самиот почеток беа изненадени што девојчето рече дека планира да отпее песна и притоа да свири на клавир, но набрзо потоа сите во студиото ги воодушеви кога навистина го направи тоа.

Романските медиуми пишуваат дека Лорелаи до сега напишала 4 книги, и сето тоа и успева со користење на ножните прсти.

Коментари

Популарно