(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНА БОРБА ЗА ЖИВОТ: Киднапирана девојка избега од автомобил во движење

Само што тргна автомобилот, се отвори багажникот и оттаму, целата избезумена, скокна девојката. Таа падна на асфалтот, но веднаш се исправи и влета во бензинската пумпа

Како на филм, 25-годишна киднапирана девојка успеа да си го спаси животот откако избега од автомобил во кој била затворена. Таа била заклучена во багажникот на голем црн автомобил, но, за нејзина среќа, капакот се отвори и таа веднаш ја искористи шансата што ѝ се појави.

Нејзиното бегство се случило на бензинска станица во градот Бирмингем, во сојузната американска држава Алабама. Целиот настан е снимен со безбедносните камери.

Од снимката се гледа како црномурен маж влегува во продавницата на бензинската станица и вади пари од банкоматот. Потоа влегува во црниот автомобил и почнува да вози. Но, само што тргна со автомобилот, се отвори багажникот и оттаму, целата избезумена, скокна девојката. Таа падна на асфалтот, но веднаш се исправи и влета во бензинската пумпа.

Продавачот кој беше внатре со уште еден колега ја засолни и веднаш се јави во полиција. Девојката, додека се криеше, ја најде и пушката на продавачот и ја грабна, спремајќи се да пука доколку киднаперот повторно се појави.

Полицијата бргу пристигнала, а по киднаперот е распишана потерница. Девојката се здобила со полесни повреди од паѓањето врз асфалтот.

Коментари

Популарно