ВИДЕО: Трамп ја посрамоти Меркел пред цел свет

Во дипломатијата, вообичаен протокол е шефовите на држави да се ракуваат пред камерите при секој официјален состанок, но Доналд Трамп уште еднаш покажа дека тој не е како повеќето политичари.

Светската јавност беше шокирана, откако американскиот претседател, при средбата со германската канцеларка, Ангела Меркел, целосно го игнорираше нејзиното барање да се ракуваат и на тој начин пријателски да ја завршат нивната средба.

На неверојатната снимка, се слушаат фото-репортерите кои бараат двајцата лидери да разменат поздрави, со цел да се направат убави фотографии од нивната прва средба.

Трамп остана „глув“ на ваквите барања, па канцеларката мислејќи дека навистина не ги слушнал уште еднаш го праша дали би сакал да се поздрават. По ова следеше целосно игнорирање од страна на американскиот претседател, кој се чини не сакаше ниту да погледне накај Меркел.

Инаку, Трамп и германската канцеларка се ракуваа при пристигнувањето на Меркел во Белата куќа, меѓутоа при крајот на средбата расположението на претседателот на САД целосно се промени.

Ликот на германската канцеларка која очигледно беше засрамена и разочарана најдобро доловува колку чуден, но на некој начин и смел, беше овој потег на Трамп.

Коментари

Популарно