ФОТО: Мартија Станојковиќ стана блондинка - погледнете како и стои

Слатката и неверојатно талентирана Македонка, Мартија Станојковиќ, го воодушеви цел Балкан со својот прекрасен глас и го освои второто место на регионалното музичко талент шоу „Пинкови ѕвездички“. Таа беше нашиот претставник за детскиот избор за песна на Евровизија 2016 со песната насловена како „Love will lead our way“.

Мартија веќе во неколку наврати покажа дека е подготвена за експерименти кога е во прашање бојата на нејзината коса. Епа Мартија овој пат избра да биде блондинка и тоа го сподели на својот Инстаграм профил.

Дали ви се допаѓа?

Коментари

Популарно