Фото: Ова е новата банкнота од 50 евра

Новата банкнота од 50 евра со подобрени безбедносни карактеристи од 4-ти април ќе биде пуштена во оптек.

Во првиот круг ќе бидат пуштени вкупно 5,4 милијарди евра од оваа банкнота.

Новата банкнота, со портрет од божицата на Европа, лик од грчката митологија, има унапредени безбедносни карактеристики со цел да се отежне фалсификувањето и прозорец кој станува транспарентен кога ќе се заврти на светлина, пренесува агенцијата Ројтерс.

Освен тоа, заштитното обележје на банконотите е и смарагдната бројка, која, кога ќе се заврти банкнотата ја менува бојата од смарагднозелена во темносина.

Ова е четвртата банкнота која доживува промена од воведувањето на единстваната валута во ЕУ во 2002 година, откако изгледот го променија банкнотите од 5, 10 и 20 евра.

Европската централна банка во мај 2013 година ја замени банкнотата од пет евра, во септември 2014 година апоенот од 10 евра и во ноември 2015 година банкнотата од 20 евра.

Апоенот од 50 евра е најчесто употребуван од сите апоени во евра. Повеќе од осум милијарди банкноти во оптек се апоени од 50 евра, што е 45 проценти од вкупните апоени во оптек.

Коментари

Популарно