(ВИДЕО/18+): Мастурбирање, голи женски гради и еротски обичаи во „Балкан еротик епик“ на Марина Абрамовиќ

Марина Абрамовиќ се занимава со уметност и перформанси веќе 40 години. Таа во текот на кариерата поминала низ три големи периоди. Првиот е белградскиот, кога уште во далечната 1975 година ја започнала својата уметничка и животна авантура со познатиот перформанс "Ритам 5, огнена ѕвезда".

Вториот период е доба на нејзиниот аскетски живот во Амстердам и работењето со познатиот германски уметник и нејзин животен сопатник Улај и нивната разделба по перформансот "Љубовници, одење по кинескиот ѕид"(1988).

Третиот период го претставува нејзиниот живот на ѕвезда во Њујорк од 2005 година кој ги следи познатите перформанси, театарската претстава со Боб Вилсон, "седечкиот" перформанс "Уметникот" присутен во МОМ и многу други.

Во контроверзниот "Балкан еротик епик" која таа го нарекува студии за популарнта култура, Абрамовиќ на најотворен начин се обидува да долови како под овој израз се употребува еротиката. Нејзиното истражување задира и во паганските еротски обичаи, кои таа ги прикажува на филм.

Коментари

Популарно