Американската пејачка Деми Ловато (24) со фотографија на Инстаграм се пофали дека пет години живее без алкохол и дрога.
„Имаше подеми и падови. Безброј пати сакав повторно да посегнам по моите пороци, но го преколнував Бога да ме ослободи од таа опсесија. Денес сум горда на себе, но никогаш немаше да успеам без виша сила, помошта од семејството, пријателите и вас, моите обожаватели, бидејќи цело време верувавте во мене и бевте моја поддршка до конечното закрепнување“, напиша Деми во прилог на фотографијата и додаде дека му е благодарна на Бога што ги сослушал нејзините молитви.
Музичка ѕвезда призна дека на врвот на својата популарност шмркала кокаин на секој час.
За среќа, тие денови се далеку зад неа. Деми за неколку месеци ужива во љубовта со шест години постариот ММА-борец од Бразил, Гилермо Васконселос.
I 💜 you Dubai
A post shared by Demi Lovato (@ddlovato) on