(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ) На девојката со најголемата циста на светот ѝ беше отстранет тумор тежок неверојатни 31 килограми!

Предупредување: графички слики. Скенирањата откриле дека туморот и пораснал неверојатни 31 килограми за помалку од една година, оставајќи ја 24-годишната неименувана девојка од Мексико со ризик по нејзиниот живот

Нејзиниот стомак тежел како да е бремена со 10 бебиња. Или приближно еднаква тежина на десет годишно просечно дете.

Предупредување: графички слики. Скенирањата откриле дека туморот и пораснал неверојатни 31 килограми за помалку од една година, оставајќи ја 24-годишната неименувана девојка од Мексико со ризик по нејзиниот живот

Нејзиниот стомак тежел како да е бремена со 10 бебиња. Или приближно еднаква тежина на десет годишно просечно дете.

Девојката со најголемата циста на светот имаше успешно отстранување на тумор тежок 31 килограми во борбата да и' го спасат животот.

Деталите околу операцијата самошто се објавија јавно откако пациентката целосно закрепна и се врати на својот секојдневен живот. Инаку, Мексиканката - која сакала да остане анонимна, првично била зачудена зошто нејзиниот стомак продолжувал да расте додека таа држела диета..

Притисокот од цистата значи дека таа развила проблеми со движење, дишење и јадење поради компресија врз нејзините органи.

Од сите истражувања спроведени до сега, се верува дека ова е најголемата оваријална циста која некогаш била целосно отстранета, без постепено да се цеди. Претходно најголема беше онаа од 1902-ра година, (145 kg) за која што им биле потребни неколку дена за да ја исцедат.

Докторите немале друг избор освен да ја оперираат. Цистата била толку голема што заземала 95% од нејзиниот стомак.

Хирургот изјавил: "Пациентката и претходно имала прекумерена тежина, па откако започнала со диета таа забележала дека лицето, рацете и нозете и стануваат потебки, но нејзиниот стомак растел. Кога ја запознав таа одвај можеше да направи неколку чекори пред да се замори и да се вознемири бидејќи чувствува како да се бори за воздух бидејќи цистата и ги нагмечувала белите дробови.. Таа се одлучи за отворена постапка (целосно вадење на цистата наместо постепено цедење) знаејќи дека ќе има огромна лузна од градите па се до почетокот на интимата, но таа не беше загрижена за естетиката, беше среќна што има решение за проблемот."

Коментари

Популарно