Ги нарекол неговите девојки „силиконки“ и настанал хаос – мотив за ранувањето на српски бизнисмен

Мотив за пукањето во белградскиот хотел „Праг“ во кој е ранет Предраг Ранковиќ Пецони, е наводното дофрлање на Жељко Рутовиќ на сметка на девојките кои седеле со него на маса.

-Рутовиќ во еден момент му рекол на Пецони„Какви ти се тие силиконки“?Пецони на оваа навреда реагирал бурно и избила караница. И Рутовиќ и Пецони биле опколени со своите обезбедувања, меѓутоа никој од нив не успеал да ја смири ситуацијата бидејќи се се случило во секунда. Рутовиќ извадил пиштол и почнал да пука, а сите куршуми Пецони го погодиле во нога – изјавил извор близок на истрагата.

Со нив на маса седеле уште неколку познати луѓе.

Пецони е успешно опериран, извадени се сите куршуми и е во стабина состојба.

Напаѓачот избегал од лице место на настанот и полицијата се уште трага по него.

Коментари

Популарно