Сончево уште денеска, од утре...

Денеска е петок, 24 март 2017 година, 83-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 282 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 33 минути, а ќе зајде во 17 часот и 48 минути.

Денов трае 12 часа и 15 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 3 часот и 22 минути, а ќе зајде во 13 часот и 54 минути.

Временска прогноза

Времето претпладне во Македонија ќе биде претежно сончево, попладне во планинските подрачја со појава на мала до умерена локална облачност. Преку денот ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од 22 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Утре во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд особено во планинските подрачја. Во недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини со услови за повремен снег, а ќе дува и умерен до засилен југозападен ветер. Ќе има и услови за ретки грмежи.

Од понеделник се очекува дневната температура позначително да опадне и да се движи од девет до 16 степени.

Коментари

Популарно