Цеца доби остров од милионер!!!

Најголемата фолк ѕвезда во Еврока, оо успешниот настап во Данска,  отпатувала во Црна Гора, каде во тврдината Мамула, која е во сопственост на еден бизнисмен, снимила спот за песната „Анџео другог реда“.

Светлана Цеца Ражњатовиќ маѓепсала еден милионер, кој и го отстапил островот Ластавица, познат по тврдината Мамула, во Црна Гораза да сними спот за песната „Анџео другог реда“.

Како што дознаваат српските медиуми, тој бизнисмен кој е од странство, не ја запознал фолк ѕвездата, но слушнал за неа и е фасциниран од нејзиниот живот и работа. Затоа Цеца дикретно од Данска, одлетала на Црногорското приморје, каде на овој остров останала два дена.

„Целиот проект е работен во тајност, бидејќи Цеца не сакала да се пишува и зборува за ова додека не биде се завршено. Што се однесува до човекот кој и го отстапил островот, е моќен маж кој живее и работи во странство, кој одлично знае која е Цеца. Тој минатото лето бил на нејзиниот концерт во Будва, но тогаш не се запознале, бидејќи веднаш по настапот заминала за Србија. Кога слушнал дека тимот на пејачката е заинтересиран за на неговиот остров да сними кадри за нејзиниот спот, бизнисменот се одушевил и со задоволство им го отстапил островот и им дозволил да го реализираат овој проект“ - раскажува добро известениот извор.

Пејачката на ова кажа: „Во договореното време дојдов на снимањето. Ништо повеќе од ова не можам да кажам, бидејќи по снимањето на кадрите заминав во Бугарија на концерт. За се што е поврзано со снимањето на спотот на тој остров, можете да се обратите кај моите соработници.“

Цеца овој викенд ќе одржи свој солистички концерт во спортскиот центар „Борис Трајковски“, за кој карите се распродадени за неверојатно брзо време.

Коментари

Популарно