ФОТО: Целосно реконструиран блокот А во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје полека станува достоинствено место за живеење за студентите. Веќе се реновирани 2 блока, а за десетина дене ќе започне и целосно реновирање на останатите два блока. Ако порано студентите се соочуваа со низа проблеми во овој студентски дом и немаа основни услови за живот, сега веќе тоа е минато.

Нема повеќе испукани ѕидови, искршени врати и прозорци, неисправна водоводна и електрична инсталација.

Денеска веќе се заменети врат­ите, прозорците, под­овите, електричната и водоводната инстал­ација, системот за парно греење, ѕидовите се молерисани, има нови лиф­тови и комплетно нова опрема во сите соб­и.

За да им се олесни животот на студентите и да им се овозможат подобри услови за живот веќе се набавени и нови професионални машини за перење и сушење на алишта.

Коментари

Популарно