Искористете го убавото време претпладне, попладне доаѓа...

Денеска е четврток, 30 март 2017 година, 89-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 276 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 22 минути, а ќе зајде во 18 часот и 55 минути.

Денов трае 12 часа и 33 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 7 часот и 58 минути, а ќе зајде во 21 часот и 49 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло, а од пладне облачноста ќе се зголемува. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер поизразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје претпладне сончево и топло, а од пладне облачноста ќе се зголемува. Преку денот ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од два до 20 степени.

За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Во овој период не се очекуваат негативни утрински температури.

Коментари

Популарно