ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Кум и Шиптар биле ѕверски измачувани пред да ги убијат

Водачите на Земунскиот клан, Душан Спасојевиќ- Шиптар и Миле Луковиќ-Кум можно е да биле измачувани пред да бидат ликвидирани. Српскиот весник „Курир“ објави вознемирувачки фотографии од нивната обдукција на кои се гледаат траги од модрици, струготини и сериозни повреди.

Никој не знае како тие настанале, особено што официјалната истрага тврди дека тие биле убиени откако специјалните антитерористички единици на српската полиција ги забележале во една викендица во близината на Белград и дека биле убиени во престрелка.

- Лицата кои ја правеа обдукцијата контатирале интензивни крвни отекувања и гребаници на кожата на главата на Душан Спасојевиќ. Овие повреди можеле да настанат од удар со тап предмет, но не е утврдено за кое оружје станува збор и како се настанати-тврди соговорник за „Курир“.

Ве предупредуваме фотографиите се со вознемирувачка содржина.

Коментари

Популарно