Јелена Спенџарска со критики за Лила и Марјана

Изминатиот викенд ТВ водителката Јелена Спенџарска гостуваше во емисијата „На испит кај Васко“ на телевизија Алфа, каде имаше задача да одговори на не толку секојдневни прашања поврзани со работата и приватноста.

Меѓу повеќето, доби и такво од кое требаше да одговори која водителка според неа е подобра, Лила Стојановска или Марјана Станојковска? Јелена без многу размислување како од пушка ги даде критиките за своите колешки, а за одговорот кажа дека се надева нема да и се налутат ниту едната, а ни другата.

-Марјана е само за гледање, а Лила повеќе за слушање. Се надевам Марјана нема да се налути, изјави Јелена.

Изгледа актуелната водителка заборавила дека цело е кога има се, па од одговорот „кусур“ може да и фати не само Марјана, туку и Лила.

Инаку, Јелена по гостувањето во емисијата објави и една фотографија на својот Инстаграм профил во чиј опис напиша дека појавувањето пред камери како гостинка бил најдобриот маркетинг што може да и се случи.

Коментари

Популарно