Фото: Атракција на плажа: Ова семејство е ХИТ на Преспанско – нивното однесување ќе ве ШОКИРА!

Иако Преспанското езеро ја нема актуелноста за туристите како некогаш, оние што живеат таму или редовно го посетуваат налето, добро знаат дека преспанската природа е како ниедна друга.

Но, од година во година со уредувањето на дел од плажите, Преспанско езеро добива на актуелност, а исто така секоја година на преспанскиот песок налето уживаат нашинците кои од странство се враќаат во родниот крај.

Преспа е уникатен дар од природата, па дури и тамошните животни имаат посебен нарав и однос кон луѓето. Па така, ако некогаш сте во потрага по дестинација за авантура низ Македонија не ја пропуштајте Преспа.

Таму, односно на плажата Долно Дупени ќе го видите и ова семејство лебеди кои секогаш се расположени за комуникација со посетителите.

Нивното однесување едноставно ќе ви ја стопли душата, а вие со полни гради чист воздух и љубов ќе посакате повторно да се вратите таму!

Коментари

Популарно