(ФОТО) Фудбалерот остана незабележан: Тој заработува милиони, а сите гледаат во неговата сексапилна сопруга!

Миленикот кај навивачите кој неодамна се прости од дресот на омилениот клуб во кој созреа и се прослави како играч, од сега и официјално е на еден долг одмор.

После емотивната разделба, познатиот фудбалер одлучи да се посвети на своето семејство, кое изминатите години трпело поради неговите обврски во клубот.

Италијанската ѕвезда, Франческо Тоти со сопругата Илари Блази изминативе денови ужива во едно од најскапите летувалишта и омилено меѓу познатите, Миконос.

Франческо и Илари уживале на плажа со своите деца, но сите погледи биле свртени кон атрактивната русокоса. Нема човек на кој не го привлекла вниманието во нејзиното бикини, но нејзиното срце сепак му припаѓа на шармантниот Тоти.

Коментари

Популарно