Каролина во венчаница од Италија

Во венчаница купена од Италија, поп-пејачкта Каролина Гочева денеска се мажи. И покрај претпоставките дека свекрвата Лиле Корубин која е истакнат моден дизајнер, би можела да и ја дизајнира венчаницата, сепк поп-ѕвездата ќе носи дизајн од Италија.

Се зборува дека свадбената веселба ќе биде под шатори, надвор од Скопје, наводно во близина на Општината Петровец. Поп-пејачката мислела на сè, па ангажирано е и обезбедување, кое ќе го чува просторот за да не може да се фотографира.

Каролина пред две недели направи моминска вечер на која беа поканети нејзините најблиски другарки, но и колешки од естрадата.

Коментари

Популарно