30 годишната Американка, Лорен Дреин ја има неофицијалната титула за најсексипилна медицинска сестра. На инстаграм ја пратат неверојатни 3.2 милиони луѓе. Лорен живее на Флорида каде што е вработена како медицинска сестра, специјализирана за кардиологија.
Кариерата во здравството ја започнала на 16 години, а покрај своето главно занимање, таа работи и како личен тренер.
Благодарејќи на добрата организираност, секогаш наоќа време за интензивни тренинзи во теретана, а не крие дека вежбањето е заслужно за нејзиниот изглед.
Исто така таа е поборник за активен стил на живот, и кажува дека тоа е клучот за долготрајно здравје.
„Во својата кариера никогаш немам видено професионален спортист кој доживеал серозна здравствена криза. Постои причина за тоа – активен животен стил го намалува ризикот од болести и го промовира општото добро“, изјавила Лорен.
Во моментите кога почувстувала слабост и умор, таа решила да ја превземе контролата над својот живот.
„Сакав да бидам здрава, згодна, јака, сигурна жена која активно ја запира болесна наместо да ја лечи со пилули и лекови“, изјавила таа за „Дејли Мејл“.