Јакимовски со водство за победа во прв круг

Актуелниот градоначалник на Карпош, Стефчо Јакимовски со 44, 6 % го има потребниот број гласови за победа во првиот изборен крук на 24 март за локалните избори, покажува најновата анкета на центарот за истражување на Карпош. За Јакимовски се изјасниле дека ќе гласаат 44,6 %, втора е Јагнула Куновска од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 16%, а трен и без какви било шанси е кандидатот на СДСМ, Андреј Петров, за кого се определиле само 8% од испитаниците.

Што се однесува пак до советничките листи, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е прва и би освоила 27,5%, па потоа листата на СДСМ, која во споредба со Петров има цели 10 % повеќе, што укажува на тоа дека членството на СДСМ ќе гласа за листата, но во изборот за градоначалник ќе се определи за Стефчо Јакомовски.

Анкетираните одговрале и на прашање поврзано со работата на градоначалникот на Општина Карпош. Позитивно го оцениле 65,6%.

Анкетата покажува дека во Општина Карпош на претстојните локални избори ќе има висока излезност 84.4%.

 Истражувањето е спроведено од 9 до 15 март по метод на

теренско истражување на репрезентативен примерок од 1102 испитаника.

Коментари

Популарно