ВИДЕО: Јавното обвинителство презема дејствија за смртта на планинарите на Кајмакчалан

Основното јавно обвинителство презема дејствија за трагичниот настан во кој загинаа двајцата планинари на Кајмакчалан. Извори од обвинителството велат дека се во постојана координација со македонското мвр и надлежните во грција уште од настанувањето на несреќата и се следат и преземаат потребните дејствија. Извори за Сител откриваат дека во МВР веќе се сослушани и неколку лица кои биле дел од планинарската GRура.

од Трансверзалец велат дека се во координација со обвинителството и федерацијата и се додека оттаму не соопштат дополнителни информации, водичот Костадинов нема да коментира. Ни беше посочено дека се што се случувало по 19 часот е дел од истражната постапка на грчката полиција.

Планинарот Александар бил жив во моментот кога ги пронашле првите спасувачки екипи, открива извештајот на грчката полиција кој го објави весникот Нова Македонија.

Според овој документ кој е испратен до судската медицина во Солун, Калина и Александар биле пронајдени во 22 часот во саботата на 10 февруари. Александар бил жив и со јаже спасувачите се обидувале да го извлечат, додека за Калина претпоставуваат дека не била жива.

„Направен е обид за нивно извлекување – спасување, на горенаведениот маж со употреба на ремен, додека истиот се уште беше свесен, додека горенаведената почината не покажуваше знаци на живот ниту на чувствителност и веројатно беше веќе почината. Според соопштението на спасителот додека течело извлекувањето со ременот, истиот поради непозната причина се откачил од ременот и паднал по стрмната падина на уште поголема длабочина каде поради темнината и лошите временски услови (силен снег и силен ветер) кои во моментот преовладуваа таму, беше невозможно да се лоцираат“.

Спасувачите се откажале од понатамошната потрага и дури следниот ден во 13 часот ги извлекле телата и ги пренеле во болницата во Воден. Според овој извештај Александар бил пронајден 40 метри погоре од Калина која била затрупана со метар и пол снег. Инаку според документот кој го објави весникот, во групата имало 47 планинари,  додека според македонската федерација во турата учествувале 63ца.  

Во извештајот од Федерација, стои дека самоиницијативно од групата се одвоиле 7 лица кои се искачиле до мавзолејот на врвот од планината, а 4-ца од нив се потпишале во книгата на планианри оставена на врвот Кајмакчалан.

Коментари

Популарно