ВИДЕО: Популарната водителка се породи во живо во утринска емисија

Кесиди Проктор, водителка на радиостаницата The Arch од Сент Луис, одлучи радоста за доаѓањето на нејзиниот син на овој свет да ја сподели со верните слушатели.

Дозволата за ова невообичаено породување Кесиди ја добила од лекарите од болницата. Бебето е родено две недели пред терминот, а породувањето е извршено со царски рез, пренесува „Индепендент“.

Слушателите на емисијата можеле да го слушнат првиот плач на бебето. Кога колегите ја прашале дали била нервозна поради директниот пренос, водителката одговорила:

„Единствено што ме правеше нервозна беше тоа да донесам дете на овој свет. А тоа што сè одеше во живо преку радио… па тоа го правам секој ден“, рекла новопечената мајка.

Бебето го добило името Џејмсон по изборот на слушателите од 400 предложени имиња.

 

Little Jedi.

A post shared by Cassiday Proctor (@radiocassiday) on

Коментари

Популарно