ФОТО: Статусот на проф. Ванковска што предизвика ЛИНЧ и закани по живот!

Професорката Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил го објави следниов статус:

Статусот предизвика лавина коментари, но и закани по живот во пораки до професорката. Дел од нив објави, но потоа ги избриша.

Подоцна во коментар напиша:

„..ова е линч и убаво го знаете тоа! Во моментов никој не ги ни знае жртвите , освен лекарите и семејствата! Пораката е јасна, ама кој сака да разбере: Карпалак е место на страдање! Не станува збор за радост заради трагедија! Ние не сме наши против ваши, но сите овие кои ја бараат мојата смрт очигледно не го знаат тоа!“

„Добивам закани по живот и вие барате да молам за прошка??? Овие што се закануваат не се сигурно од семејствата - тие си имаат мака вечерва и не се на ФБ. И да го избришам постот веќе се направени скриншотови и е распишана потерница по МОНСТРУМОТ. Интересно, сите заборавија дека бев единствената која застана на страна на правото во случајот Монструм и во случајот Трачуловски, но сега сум монструм! Не го бришам затоа што не сум му згрешила никому, но со дело ни со мисла. А ако сака некој да ме убие, слободно нека повели.“

Коментари

Популарно