Видео:Кој ја однесе победата во шутирањето тројки годинава?

Џо Харис кошаркар на Бруклин Нетс,  ја однесе победата во шутирањето тројки откако беше поуспешен од Стеф Кари и Бади Хилд во финалната серија.

Во прелиминарната рунда Харис постигна 25 поени и беше за два поени пократок од Стеф Кари кој во финалната рунда влезе со 27 поени. Бади Хилд пак во финалето се пласираше како втор со 26 кошеви.

Сепак во финалната рунда Бади Хилд затаи и имаше само 19 поени, за разлика од Харис кој освои 26 поени. Кари не го реализира претпоследниот удар за три поени и тоа го чинеше победа во ова натпреварување.

Освен овие тројца во првата рунда се најдоа и Дени Грин (23), Девин Букер (23), Дамиан Лилард (17), Дирк Новицки (17), Сет Кари (16), Кемба Вокер (15) и Крис Мидлтон (11).

Коментари

Популарно