Психолог Михаил Лабаковски – Зошто не треба да учите со децата

Да повторам уште еднаш : Нема потреба да учите со вашите деца! Нема потреба да им го редите ранецот! Не треба да ги потпрашувате како си поминале на училиште. Ако постојано прашувате вие го нарушувате односот и крајниот исход е секогаш негативен. Веројатно имате и за други нешта да разговарате со вашите деца.

Детето мора да има слободно време кога ништо не прави. Два до четири часа дневно има свое слободно време. Оние амбициозни родители децата ги загушуваат во обврски : странски јазици, уметнички секции, престижни спортови….Од сето ова се наталожува негативна енергија и се што оди рака под рака со истата.

Кога станува збор за наставниците и педагозите треба да бидете на страната на своето дете. Чувајте ги вашите деца. Не се плашете од лошите оценки.Стравувајте да не му се збурбати на вашето дете од училиштето и учењето воопшто. Многу е тешко да се каже кој поднесува повеќе притисок, оние со петки или оние со единици. Оние одличните кои макотрпно редат петки не се безгрижни деца и им недостасува самопочитување.

Ако вашето дете не е во состојба да учи самостојно сигурно има некоја причина. Мрзеливоста нема никаква врска со тоа. Категорија на мрзеливост во психологијата не постои. Мрзеливоста е само отсуство на мотивација и волја.

Причините зошто детето не може да учи се повеќе : висок интеркранијален притисок, тонус на мускули, психолошки проблем, АДХД ( синдром на хиперактивност и недостаток на внимание). Би било добро малку повеќе да се бавите со овие теми отколку да учите со нив навечер.

Има родители кои сакаат да го осамосталат своето дете со тоа што ќе бидат успешни подоцна во животот.

Има и родители кои сакаат постојана контрола над своите деца, а тоа какво ќе биде детето кога ќе порасне не е ни важно. Најважно да му ја стават јамката и да не попуштаат.

Многу често поради оценките родителите се расправаат и нивните односи се распаѓаат засекогаш. Тинејџерската психа е многу чувствителна. Сите околу тоа дете патат од хистерија, нервоза, болести.

Како да го избегнете целата оваа ноќна мора? Само треба да се фокусирате на љубов. Тоа дете ќе порасне и она на што ќе се сеќава е блискоста која сте ја имале или сте ја немале: искреноста, разбирањето, искрениот однос… Може да се добие петка, ама да ја загубите вашата ќерка. Сите испити да се положат, да се запишат на престижни факултети, но неповратно да го изгубите детето.

*Михаил Лабковски има завршено психологија во Москва, а докторирано во Јерусалим. Триесет години работи како семеен психолог, а последниве дваесет е водител на радио емисии во кои разработува теми токму за овие проблеми.

Коментари

Популарно