Еве како се прави „кабрио“ автобус

Како што јавуваат Бугарските медиуми  не секојдневна собраќајна несреќа ги вознемири утрово Бугарските жители на градот Пловдив. Според информациите автобус остана без својот покрив откако помина под еден мост на булеварот „Марица-Југ“, пренесе Трафикњуз.бг.

Возачот на автобусот проценил дека може да помине под мостот и покрај ознаките за максималната висина на возилата кои можат да поминат. При поминувањето автобусот останал без поголем дел од покривот. За среќа нема повредени.

Некои пловдивчани се шегуваат на социјалните мрежи дека автобусот станал кабрио и дека е подготвен за летната сезона.

Коментари

Популарно