Во Центар победи Жерновски, Скопје убедливо на Коце Трајановски

Според актуелните резултати, кандидадот подржан од коалицијата Сојуз за иднината, Андреј Жерновски кој освои 51,94% од гласовите, го победи актуелниот градоначалник Владимир Тодоровиќ од редовите на од ВМРО-ДПМНЕ освои 46,06% од гласовите во Центар.

Актуелниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски е во убедливо водство по преброените 94,22 отсто од гласовите. Тој освои 49,89 отсто од гласовите, додека за неговиот противкандидат Јани Макрадули гласале 29,19%.

Во општина Карпош во водство е актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски, кандидат на Српската напредна странка, со освоени 47,07% од гласовите. Втор е неговиот доскорешен сопартиец Андреј Петров, кандидат на СДСМ, со освоени 26,30% отсто од гласовите, додека адут на ВМРО-ДПМНЕ Јагнула Куновска е трета со 25,93% од гласовите.

Убедлива победа во општина Аеродром освои досегашниот градоначалник Ивица Коневски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 63,28% од гласовите. На второ место е адутот на СДСМ Диме Велковски со освоени 31,85% од гласовите.

Во Кисела Вода триумфираше Билјана Беличанец – Алексиќ од ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 63,20 отсто од гласовите. Љупчо Васовски од СДСМ освои 32,67% отсто.

Во Бутел актуелниот градоначалник Петре Латиновски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ освои 50,67% отсто од гласовите, додека Коста Начевски од СДСМ 24,34%.

Во Гази Баба победи актуелниот градоначалник Тони Трајковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 60,08% од гласовите, додека Борче Стефановски од коалицијата предводена од СДСМ освои 27,91% од гласовите.

Актуелниот градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, кандидат на ДУИ, победи со 52,20% освоени гласови, додека Мухамед Тачи од ДПА освои 18,63% од гласовите.

Во Ѓорче Петров во водство е актуелниот градоначалник Сокол Митровски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 49,07% од гласовите, додека неговиот противкандидат од СДСМ Александар Наумовски од СДСМ освои 46,72 отсто од гласовите.

Во Шуто Оризари победата ја однесе актуелниот градоначалник Елвис Бајрам, кандидат на Сојузот на Ромите од Македонија, со освоени 59,64 отсто од гласовите. Зад него е Неждет Мустафа од Обединетите Демократски сили на Ромите со освоени 33,83% од гласовите.

Во Сарај нов мандат освои досегашниот градоначалник Беким Мурати, кандидат на ДУИ, со освоени 54,24 отсто од гласовите, додека зад него е кандидатот на ДПА, Азби Нуредини, со освоени 38,90% од гласовите, пренесе Макфакс.

Коментари

Популарно