Дожд речиси цел ден, од утре...

autumn rainДенеска е четврток, 318 ден во 2013 година. До крајот на годината остануваат уште 47 дена.

Денот трае девет часа и 55 минути.

Во Скопје Сонцето изгрева во шест часот и 20 минути, а заоѓа во 16 часот и 15 минути.

Месечината заоѓа во два часот и 55 минути и повторно изгрева во 14 часот и 26 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со локален дожд. Доцна попладне се очекува врнежите да престанат. Ќе дува слаб ветер од источен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 12 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со локален дожд особено претпладне. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Во наредните денови ќе преовладува облачно време со сончеви периоди и со услови за утринска магла по одделни котлини. Утре температурата ќе се движи од 13 до 17, а за време на викендот од 13 до 18 степени.

Коментари

Популарно