Сончево, но студено

fall_sun_shineДенеска е четврток, 339 ден во 2013 година. До крајот на годината остануваат уште 26 дена.

Денот трае девет часа и 18 минути.

Во Скопје Сонцето изгрева во шест часот и 44 минути, а заоѓа во 16 часот и две минути.

Месечината изгрева во осум часот и 50 минути, а заоѓа во 19 часот и две минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од шест до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Сончевото време ќе потрае до петок кога од крајот на денот ќе има преодно наоблачување, проследено со појава на умерен до засилен ветер од северен правец и со краткотрајни врнежи од снег. Наоблачувањето и промената на времето ќе влијае на дневните температури и се очекува нивно намалување.

Коментари

Популарно