ВИДЕО: Приказната на продавачка за Пол Вокер што ќе направи уште повеќе да жалите по него

Деновиве сме преплавени со информации за трагичната смрт на холивидскиот актер, Пол Вокер. Дали поршето било дефект, како ќе изгеда „Брзи и фуриозни 7“ без него, до тоа дека актерот е сеуште жив....Сепак од сите приказни, оваа за Ирена Кинг, жена која порано работела во продавница за накит во Санта Барбара, навистина вреди да се чуе.

9841mala

Актерот Пол Вокер во 2004 година, во деновите пред Божиќ, влегол во продавницата во која што работела Ирена, која што тој ден ќе го памети додека е жива, не затоа што го запознала актерот, туку поради она кое што тој го направил.

Имено, Вокер бил во продавницата кога во истата влегол и млад брачен пар кој бил во потрага по свршенички прстен. Кајл Апам неодамна се вратил од Ирак и токму тогаш излегол со својата сакана за да побараат нов прстен за нивната веридба и на двајцата најмногу им се допаднал еден дијамантски прстен чија што цена изнесувала 9.000 долари и за жал истиот тие не можеле да си го дозволат, па си заминале.

Откако Вокер сведочел на оваа сцена, и пришол на Ирена и и рекол: "Ставете го прстенот на мојата сметка" и си заминал. Подоцна сопственикот на продавницата им се јавил на младиот брачен пар и им рекол дека треба да се вратат во продавницата и да го земат својот прстен.

Иако Ирена ветила дека никогаш нема да го открие идентитетот на човекот кој го платил прстенот, по смртта на Вокер, таа решила дека е време светот да дознае за неговото неверојатно дело, а целата приказна ја потврдиле и Кристен и Кајл, вљубените души кои Вокер ги усреќил.

"Забележав дека има уште некој во продавницата, но не размислував премногу за тоа. Потоа сфативме дека тоа Вокер, па малку поразговаравме, а Кајл спомна дека неодамна се врати од Ирак. Се сеќавам на изразот на лицето на Вокер... Целосно се промени", вели Кристен во интервјуто за "CBS".

Кога се вратиле по прстенот, тие сакале да дознаат кој платил за истиот, но од продавницата одбиле да им кажат. Парот денес тврди дека отсекогаш се сомневале сека станува збор за Вокер, но не биле сигурни, се додека Ирена не ја објавила приказната на Фејсбук.

Коментари

Популарно