По Sandy, нова бура им се заканува на САД

Уште една бура би можела да предизвика проблеми в среда во реонот на Њујорк и на Њу Џерси, кои претрпеа голема штета од минатонеделната супербура, предупредуваат американските метеоролози.

- Подгответе се за уште прекини на електрична енергија. Останете дома, изјави метеорологот од Националната метеоролошка служба Џо Полина.

Метеоролозите тврдат дека новата бура нема да биде разорна како супербурата Сенди и оти не е тропска. Бурата би можела да донесе снег во внатрешноста на Нова Англија и во Њујорк, ерозија на плажите и силни ветрови во подрачјата погодени од Сенди, како и умерен или силен дожд.

Во налетот на Сенди во САД загинаа повеќе сто лица.

Во меѓувреме во погедениот регион од Sandy:

Коментари

Популарно