Македонија против Чешка ја има првата шанса за втората фаза на ЕП

Денеска Македонската ракометна репрезентација, ќе го одигра вториот натпревар на 11-то Европско првенство. Противник на избраниците на селекторот Ивица Обрван во Б групата во Хернинг, ќе биде селекцијата на Чешка.

makedonija-protiv-cheshka-kje-igra-za-prva-pobeda-na-ep-2014-167070

Натпреварот во арената во Хернинг има исклучителна важност за двете репрезентации, кои во првото коло забележаа порази: Македонија од Данска 21:29, а Чешка од Австрија 20:30.

Инаку Македонија и Чешка во минатото имаат одиграно шест натпревари, во последниот на ЕП во 2012 година, македонската репрезентација победи со 27:21. Македонија има победа над Чешка и во 2007 година од 36:31. Чесите не имаа совладано три пати 33:16 во 1995 година, 38:18 во 1998 година на ЕП во Италија и 43:25 во 2008 година. Еден натпревар меѓу двете репрезентации завршил без победник 27:27 во 1996 година.

Натпреварот помеѓу Македонија и Чешка ќе почне во 18:15 часот, а ќе го судат Романците Старк и Стефан.

Коментари

Популарно