ВИДЕО: Украинските полициски снајперисти пукаат по демонстрантите

Ден по постигнатото примирје помеѓу претседателот на Украина и опозицијата, состојбата во Киев е уште полоша. Само денеска во судирите животот го загубија над 25 лица. Поголем дел од нив се од страната на демонстрантите, но има и припадници на полицијата.

Untitled

Украинските медиуми снимија лица облечени во полициски униформи со жолти ленти на рацете како стрелаат од автоматски и снајперски пушки врз демонстрантите. На снимките се гледаат демонстранти како паѓаат погодени од истрели.

Британскиот сервис Би-би-си пренесува изјава на новинарот Дмитри Стешит, кој за рускиот весник „Комсомолскаја правда“ известува од немирите, дека куршумите кои ги користат се од типот кој може да пробива панцири. Дел од украинските медиуми под снимките пишуваат дека се работи за припадници на специјалната полициска единица „Беркут“

Коментари

Популарно