КИЕВ ВО ЖИВО: Демонстрантите не се смируваат и бараат оставка од Јануковиќ

И покрај постигнатиот договор помеѓу опзицијата и претседателот на Украина, ситуацијата во Киев сеуште не е смирена. Демонстрантите ги исвиркаа опозициските лидери, кои вечерва се појавија на Плоштадот „Независност“, за да ги информираат за спогодбата.

8b485da8-83a4-11e3-_510078b

Еден радикален говорник се закани со продолжување на офанзивата со оружје доколку опозицијата до утре вечер не побара оставка од претседателот Виктор Јанукович.

Други, пак, скандираа „Смрт за криминалецот“, на адреса на Јанукович.

Претседателот денеска се согласи да се откаже од дел од своите надлежности и да се вклучи опозицијата во Владата. Но, спогодбата не го задоволува главното барање на демонстрантите, Јанукович под итно да се откаже од власта.

Коментари

Популарно