Над 93 поценти од жителите на Крим се изјасниле за присоединување кон Русија

93 проценти од жителите на Крим кои гласаа на денешниот референдум, се изјасниле за присоединување на Кримскиот Полуостров кон Русија, покажуваат резултатите од излезната анкета на Републиканскиот институт за полтички и социолошки истражувања.

krim-referendum1-600x340

Како што јави ИТАР-ТАСС, според оваа анкета, само седум проценти од гласачите се изјасниле за останување на Крим во составот на Украина.

Резултатате од анкетата, спроведена на 200 гласачки места, се објавени веднаш по завршувањето на денешното изјаснување на референдумот.

Жителиете на Крим денеска решаваат дали се за отцепување на Полуостровот од Украина и за присоединување кон Русија или за останување во рамките на Украина, но со многу повисок степен на автономија.

САД и ЕУ, како и украинските власти, веќе соопштија дека нема да ги признаат резултатите од референдумот.

Коментари

Популарно