Иванов: Барам доверба за да работиме заедно за Македонија

Првиот митинг на првиот ден од изборната кампања, Ѓорге Иванов го одржа во охридското село Велгошти, каде оствари средба со жителите и порача дека му претставува чест што кампањата ја започнува токму во Велгошти, пренесува Курир.

ivanov-vel1

-Кога се работи тимски и заедно секогаш резултатите се видливи! Барам доверба за да работиме заедно како тим за Македонија. Покажавме дека знаеме да ја сакаме Македонија и да се посветиме на граѓаните на Република Македонија. Таа љубов ни се враќа на сите избори, затоа ВМРО-ДПМНЕ победува. Затоа што е со својот народ! Затоа Македонија се гради, се гради просперитетот и успехот на Македонија. Од секој наш успешен човек, произлегува успехот на државата, изјави Иванов.

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека му е чест што кампањата ја започнува во Велгошти.

-Ве очекувам за заедно да извојуваме уште една голема, двојна победа за Македонија! Државата пред се! Македонија пред се!, нагласи Иванов.

ivanov-vel2

ivanov-vel3

ivanov-vel4

ivanov-vel5

Првиот голем митинг Иванов ќе го одржи вечерва во Охрид.

Фото: Курир

Коментари

Популарно