По победат на нашиот Даниел Кајмакоски, членката на жирито Кристина Ковач со свој став се јави на Фејсбук.
Менторката е позната по тоа што од самиот почеток вели дека Даниел е оној кој заслужува да биде победник, а исто така нема настап на кој не го пофалила неговиот светски талент.
Еве што напиша таа на својот Фејсбук профил.
"Сума сумарум – многу сум среќна што правдата е задоволена со победата на Даниел Кајмакоски, се друго би било еднакво на скандал… Човекот е се она што еден светски пејач треба да биде – енергичен, посветен, харизматичен, одмерен, прецизен, а сепак полн со емоција и можеби најважно – полн е со прекрасна слобода на сцената и љубов кој музиката и песната која ја пее. Прекрасно момче со кој се надевам дека ќе имам прилика да соработувам во блиска иднина.
Што се однесува на моите сакани и прекрасни Доктори… Многу бев тажна што не завршија во топ три. Сигурна сум дека тоа го заслужуваа и бев убедена дека гласовите на нивните фанови ќе ги однесат до таму. Порсто не можам да поверувам дека не стигнаа до таму…“.
Превземено од: glory.mk