Даниел Кајмаковски сака да ја претставува Македонија на Евровизија

Нашиот претставник Даниел веднаш по победата на Х Фактор,  ќе тргне на турнеја низ земјите во регионот. Тој ќе патува со Кики Лесендриќ во САД, а во план е и снимањето на првиот сингл,кој ќе го работи со неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ.

zaklmdldmh

Во интервју за српски Курир Даниел ги сумира впечатоците од суперфиналето.

„Се чувствувам фантастично. Среќен сум. Верував дека можам да победам, иако конкуренцијата беше жестока. Секој од суперфиналистите ги имаше истите шанси да триумфира. Цел живот го чекав овој момент и мислам дека ова е само почеток на нешто многу убаво. Моите родители се многу горди на мене и мило ми е што се среќни“, вели тој.

Даниел се запишал во средното музичко училиште, кое морал да го напуштам по само шест месеци. Еден професор сметал дека не е доволно талентиран за музика. „Ја советуваше мојата мајка да ме отпише. По некое време ми се извини и ме покани на вечера“, вели Кајмакоски.

Тој на прашањето дали би сакал да ја претставува Македонија на Евровизија,  вели дека тоа му е најголемата желба од детството.

„Откако почнав да гледам Евровизија сакав да бидам дел од неа, да ја претставувам својата земја. Со тек на времето таа желба почна да се губи бидејќи го сменив мислењето за фестивалот. Евровизија е голема манифестација и мене би ми било чест да ја претставува Македонија доколку таа го побара тоа од мене“, вели Кајмакоски за српски Курир.

Коментари

Популарно