Др. Георгиевски: Немавме сомнежи за да го подржиме Иванов

Доктор Борче Георгиевски кој е дел од Тим Македонија, во отвореното студио пред почетокот на митингот во Свети Николе, зборуваше зошто застанал зад кандидатурата на претседателот Ѓорге Иванов.

georgievski

-Иванов е човек од народот за народот, а ние кои лично го познаваме немавме сомнежи за да го подржиме, изјави Георгиевски.

Тој додаде дека претседателот Иванов и неговата сопруга секогаш биле достапни за химанитарни акции, а тоа повеќе пати го покажале и докажале.

Др. Герогиевски во своето излагање го цитираше претседателот Ѓорге Иванов па сподели една негова мисла.

-Треба да полниме со љубов, со желба за знаење и успех, треба да бидеме верни на традицијата и да соживотот.

Коментари

Популарно