Зоран Ставрески: Преку 50.000 семејства ќе имаат корист од проектот отпис на долговите

Зоран Ставрески на митингот во Прилеп, покрај многубројните проекти, како еден од поважните го издвои отписот на долговите со кој ќе се помогне на најранливите категории.

stavreski-orilep

Носителот на листата во ИЕ 4 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Зоран Ставрески на митингот во Прилеп порача дека воопшто не сака да се споредува со СДСМ и опозицијата, бидејќи таква споредба не може да се направи, бидејќи споредба не може да се прави со некој што нема програма и некој што нема проекти.

Ставрески потенцираше дека СДСМ иако ја бара поддршката на прилепчани, сепак ниту еднаш го немаат спомнато Прилеп во своето книжиче кое, како што рече, го нарекуваат програма.

-Погледнете ги луѓето кои стојат зад програмата и ќе направите разлика. Земјоделците знаат што е разликата. Субвенциите тогаш беа на нула, а со нас 550 милиони евра во изминативе 7,5 години заминаа кај земјоделците, а голем дел замина и кај тутунарите. Разлика знаат да направат и пензионерите кои порано беа поделени во групи. Првата група ја земаше пензијата околу први, а останатите групи чекаа на ТВ да кажат кога ќе биде нивната пензија. Пензионерите знаат како работиме ние. Беше криза, беше тешко, но за пензионерите секогаш имаше пари. Секогаш на први ја добиваат пензијата, секогаш кога имавме можност ја зголемувавме пензијата, како што е случај со последното покачување при кое секој пензионер дома понесе дополнителни 600 денари, вели Ставрески кој потенцираше дека СДСМ имаше можност да ги покачи пензиите, да изгради училишта, болници, да изгради патишта, но излажаа.

Toj воедно потенцираше дека довербата се дава за сторени дела, не за празни зборови, бидејќи оној што имал шанса нешто да изгради и не го сторил тоа, повторно ќе излаже.

Ставрески на митингот во Прилеп како еден од најважните проекти го издвои отписот на долговите за граѓани кои спаѓаат во три категории кои ги спомна. Со овој проект ќе им се помогне на најранливите категории на граѓани, или над 50.000 семејства во Република Македонија.

-Сите граѓани кои спаѓаат во категории приматели на социјална помош, семејство каде двајцата се невработени, или ако е само еден во семејство и е невработен подолго од 12 месеци, трето семејствата во кои што поради смрт или тешка болест се променила материјалната состојба и неможат да си ги платат долговите ќе им бидат отпишани долговите за струја кон ЕВН, долговите кон банките за тековни сметки, салда за потрошувачки кредити, минусно салдо на тековна сметка и кредитни картички и долговите за радиодифузна такса. Ние ставаме само проекти кои се реални и остварливи. Ние веќе разговараме со ЕВН и банките на кои ќе им простиме данок од една или две години или повеќе години, а за толкав износ тие ќе им ги отпишат долговите. Со тоа ќе им помогнеме на најранливите категории на граѓани, на најсиромашните, оние на кои им је најпотребна помошта, потенцираше Ставрески.

Ставрески воедно спомна дека во програмата има проекти кои се наменети за младите луѓе, но и младите семејства, како што се намалувањето на ДДВ за училишен прибор и бебешка опрема, потоа субвенционирање на компаниите кои ќе вработуваат млади лица до 29 години, а секој млад човек од Владата на РМ може да добие 7 илјади евра за да започне сопствен бизнис.

Тој додаде дека новата програма е базирана на економскиот развој и отворање на нови работни места. Во услови на светска и европска економска криза, каде се затвораа фрабрики, во Македонија се отвораа. Се создадоа нови 119.000 работни места, а во наредниот период планирани се нови 64.000.

На крајот Ставрески ги повика прилепчани на 27-ми масовно да излезат и да гласаат за Ѓорге Иванов за нов претседателски мандат.

Шер објасни зошто се забавува со далеку помлади мажи: Изјавата ја опишуваат како бизарна

Славната Шер (77) од почетокот на минатата година е во врска со 39 години помладиот рапер Александар Едвардс (38).

Поради значителната разлика во години, нивната врска наиде на различни коментари, а пејачката сега откри зошто сака да излегува со помлади мажи.

– Причината поради која излегувам со помлади мажи е затоа што мажите на моја возраст се стари и сите мртви. Пред тоа беа премногу исплашени да ми пријдат. Помладите мажи беа воспитани од жени како мене – изјави таа во една емисија.

Пејачката и раперот се запознале во септември 2022 година, а набрзо започнале врска. Тие раскинаа во мај 2023 година, но се смирија. Откако повторно почнале да излегуваат, пејачката кажала колку сето тоа било неочекувано.

– Им реков на пријателите, не се заљубувајте во помлади мажи, премногу сме стари. И не се заљубувајте преку пораки. Мојата теорија пропадна – изјави претходно таа за странските медиуми.

Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие

Манекенката Емили Ратајковски (32) присуствуваше на глобалниот гала настан „The King’s Trust“ одржан во Њујорк.

Познатата убавица за оваа пригода избра свилен крем фустан со раскошно деколте, кое допираше речиси до нејзиниот папок и кој брилијантно ја истакна нејзината витка линија.

Фустанот е со гол грб и врзан околу вратот, а Ратајковски не носеше градник поради кројот на фустанот. Долгата коса ја остави пуштена, а целиот стајлинг го комплетираше со сребрени обетки.

Овој настан е основан од британскиот крал Чарлс Трети со цел да им се помогне на младите.

Видео: Ен Хатавеј доживеа непријатност во студио, водителот ја спаси

41-годишната оскаровка Ен Хатавеј гостуваше во емисијата The Tonight Show на Џими Фалон. Ен е една од ѕвездите на претстојниот филм The Idea of You, каде ја игра самохраната мајка Солен, која започнува врска со 24-годишниот Британец Хејс Кембел, кој го игра Николас Галицин.

Филмот е снимен на истоимениот роман на Робин Ли од 2017 година. Актерката имаше прилично непријатен момент во шоуто кога ја спомна книгата на Робин и ентузијастички ја праша публиката: „Дали некој овде ја прочитал книгата?“

Наместо одговор, настапила потполна тишина. Од изразот на лицето на актерката се видело дека ѝ е непријатно и дека е шокирана од недостатокот на реакција од публиката, но Џими Фалон веднаш „притрчал“ во помош да ја спаси. Тој рече: „Не, не читаме“. Таа досетка ја прекинала тензијата во студиото, а Ен и публиката се насмеале.

„Ова е „The Tonight Show“. Одете кај Стивен Колбер доколку сакате да имате луѓе кои читаат книги. Бедно. Ние овде сме на „Audible“, се смета ли тоа?“, додал тој.

Тогаш Џими ѝ се обратил на Ен: „Значи, се заснова на книга?“, на што Ен му одговорила: „Што е книга?“.

Непријатниот момент од шоуто се споделува на социјалните мрежи и многумина ја фалат реакцијата на Џим.

„Џими всушност беше одличен водител во оваа ситуација“, „Ова е многу паметна шега“, „Фелон во потполност ја разбира својата улога во овој момент и ја вади Ен Хатавеј од тишина додека го исмева Стивен Колбер“, се само дел од коментарите.

Популарно