Убиен водачот на „Делиите“

Водачот на навивачите на Црва Звезда од групата “Хиени“ Велибор Дуњиќ (27) е убиен ноќеска кај сплав на дунавскиот кеј, додека неговата пријателка Мина Шобот (1987) е ранета, јавуваа српските медиуми. Ранетата девојка со автомобил е префрлена во Ургентниот центар и итно оперирана.

velibor-dunjic-cedomir-jovanovic-navijaci-1366406648-299399

Дуљиќ го застрелал непознат напаѓач кога со девојката излегол од сплавот и седнал во џип БМВ. Кога го ставил клучот во бравата напаѓачот му пришол и пукал во него, по што тој починал во возилото на паркингот.

-Куршумите ја погодиле и Мина. Тешко ранетиот навивач успеал да вози десетина метри а потоа умрел - велат од полицијата. Пукањето го слушнале гостите од сплавот и кгоа излегле надвор биле шокирани. Девојката веднаш е пренесена во болница.

Дуљиќ наводно по последно време се здружил со Милош Делибашиќ, кој се доведува во врска со убситвото на Никола Бојовиќ, брат на Лука Бојовиќ. Дуњиќ, според изјавите на еден сведок, чија проверка е во тек, требало да изврши ликвидација на Филип Кораќ, десна рака на Лука Бојовиќ. Кога пред неколку дена во Белград е ранет Марко Шево (29) еден од навивачите на Црвена Звезда и пријател на Дуњиќ, тој и Милош Делибашиќ се видени на местото на пукањето. Според податоците од полицијата, мета всушност бил Делибашиќ.

Против Дуњиќ, кој е познат по дилањето дрога и насилство се покренати 40 кривични пријави.

Моментално притив него се водат 5 судски псотапки, а од затвор е пуштен по општата амнестија. Во затвор бил поради пресудата дека на сплавот “Калипсо“ заедно со Урош Аврамовиќ, исто така навивач на Црвена Звезда, тешко го повредил Андрија Чогуриќ.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно