Светскиот рекет број еден, србинот Новак Ѓоковиќ во моментиве е во САД каде се подготвува за УС опен, но најде време да гостува во шоуто на Дејвид Летерман каде зборуваше за почетците на својата кариера и тешките моменти во Србија.
Ѓоковиќ рече дека работите што ги има сега ги цени многу повеќе токму поради тоа што поминал низ тешки времиња со своето семејство.
„Луѓето мораа да чекаат ред за леб и млеко“ - изјави Ѓоковиќ опишувајќи го периодот кога Србија се соочуваше со санкции.