Штерјо Наков и неговиот син натепани во судница

Кравава тепачка денска се случила во  Основен суд 2 помеѓу семејството Накови и Омерагиќ, поточно Штерјо Наков неговиот син Драган и сопствениците на Руле Турс, Ружди и Масар Омерагиќ, јавува Нетпрес.

68big

При одвивање на судски спор меѓу овие две познати бизнис семејства, најпрво тепачката настанала меѓу синот на Штерјо Наков, Драган и синот на Ружди, Масар Омерагиќ.

Потоа во тепачката се вмешале и татковците, но најдебелиот крај во целата мешаница го извлекол Драган Наков.

Според доброинформирани извори на Нетпрес, во случајот морала да интервенира и судска полиција, која повикала и Брза Помош за да им помогне на настраданите.

Драган Наков со раскрварена глава Брзата Помош го однела во болница.

Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло. Утре, како што информира УХМР, особено во источните делови, на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Утре ќе биде променливо облачно, особено претпладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Температурата ќе се движи од 5 до 22 степена.

И во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне во делови од котлината нестабилно, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Според УХМР, во сабота ќе дува засилен северен ветер, а температурата ќе достигне 21 степен. 

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на трудот ширум светот

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на трудот ширум светот.

Овој ден се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден.

На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен 1 мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права.

На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година на 1 мај ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови.

Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце

Денеска (01.05.2024) во 01.15 часот на Граничниот премин Табановце бил лишен од слобода Г.Ј.Ј.М.(27) од Шведска, поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостасувале страници, а исто така во неа биле и вметнувани страници од друга патна исправа.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Популарно